Press "Enter" to skip to content

Александар Јовиќ, тренерот на Еурофарм Пелистер 2, со предавање на задолжителниот семинар на РФМ

Тренерот на Еурофарм Пелистер 2 од Битола, Александар Јовиќ ќе одржи свое предавање на задолжителниот семинар на Ракометната федерација на Македонија викендов во Охрид, а  ќе одржи обука и тактика за зонска формација 3-2-1.

Брз ракомет, транзиција од напад во одбрана и техника и такитка на одбрани со удари од гол од крилните и поседно од бековските позици се четирите теми на кои предавање ќе одржи поранешниот хрватски репрезентативец Владо Шола.

Интернационалниот судија Славе Николов ќе ги објасни промените во правилата, а Никола Матлиески има свое задолжување – предавање за воведен и подготвителен дел од ракометниот тренинг.

More from ВестиMore posts in Вести »