Press "Enter" to skip to content

Асфалтирање на главен уличен крак во Логоварди

Како дел од проектот „Реконструкција на коловоз на главен уличен крак во с. Логоварди во должина од 744 метри“, започна асфалтирањето на улицата. Активностите предвидено е да се одвиваат и во текот на викендот, се до целосна реализација на проектот.

Со инфраструктурните активности кои се дел од овој проект, се изработија бетонски одводни канали и пропусти, се прави прилагодување на влезовите од објектите кон новата нивелета, а се врши и проширување на улицата, со што вкупната ширина ќе биде 4,5 метри.

Реконструкцијата на главниот уличен крак во село Логоварди, се реализира со средства од буџетот на општина Битола, во вредност од над 7.000.000 денари, а подобрувањето на патната инфраструктура во ова место е дел од проектот на градоначалникот Тони Коњановски за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“ во општина Битола во 2022 година.Како дел од проектот „Реконструкција на коловоз на главен уличен крак во с. Логоварди во должина од 744 метри“, започна асфалтирањето на улицата. Активностите предвидено е да се одвиваат и во текот на викендот, се до целосна реализација на проектот.

Со инфраструктурните активности кои се дел од овој проект, се изработија бетонски одводни канали и пропусти, се прави прилагодување на влезовите од објектите кон новата нивелета, а се врши и проширување на улицата, со што вкупната ширина ќе биде 4,5 метри.

Реконструкцијата на главниот уличен крак во село Логоварди, се реализира со средства од буџетот на општина Битола, во вредност од над 7.000.000 денари, а подобрувањето на патната инфраструктура во ова место е дел од проектот на градоначалникот Тони Коњановски за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“ во општина Битола во 2022 година.