Press "Enter" to skip to content

Бајага и неговите “Инструктори“ вечер на Ракометно игралиште

Во организација на “Сцена“ продукција вечер на Ракометно игралиште, еден од најбараните изведувачи во регионот ќе одржи “лекција“ за добра музика и уште подобра забава.

Кој и да бил на барем еден нивен концерт знае дека следува незаборавна вечер и одлична енергија со најголемите хитови од супербогатата кариера на Бајага и Инструктори, бенд кој важи за класика на рокенролот, а Бајага за крал на баладите.

Следува уште една прекрасна вечер исполнета со безвременските хитови како „Зажмури“, „Са друге стране јастука“, „Плави сафир“, „Тишина“, „Моји другови“ и уште многу други евергрини кои ги знаат сите генерации a кои ќе се пеат вечер на Ракометно на 17-ти јуни.

За загревање на атмосферата пред концертот ќе биде задолжен битолскиот cover бенд “The “Groove. Со сигурност ќе се бара влезница повеќе, па затоа побрзајте и обезбедете влезница на време во продажната мрежа на mktickets.mk или вечер на Билетара.