Денешното порибувањето на акумулацијата “Стрежево“ се реализираше со неколку илјади единки од видот крап (Cyprinus carpio), со просечна маса од 50-800 грама согласно риболовната основа, договорот за концесија и одобрениот годишен план за 2022 година, на браната “Стрежево“и шахтниот преливник.-Чинот на порибување подразбира набавка на специфициран порибителен материјал, негов транспорт во адекватни контролирани услови од репроцентарот до предвидената локација и безбедно испуштање во риболовната вода. На денешниот настан присуствуваа сите релевантни субјекти кои успешно се координираа и се грижеа за регуларноста на порибувањето, како и претставници на медиумите, риболовните здруженија и граѓани.
-Со денешните активности Стрежево повторно ја потврди својата заложба, одговорност и грижа за заштитата и одржувањето на животната средина, вели директорот на “Стрежево“, Менде Граматковски.
Континуитетот на вложувањата во зачувувањето, управувањето, заштитата и обновувањето на рибниот фонд несомнено директно имплицираат врз подобрувањето на условите за вршење на риболов за сите риболовци, додаваат од “Стрежево“.

Порибување на акумулацијата “Стрежево” со подмладок од крап
More from ВестиMore posts in Вести »
- Тимот на “X-fit Bitola“ од Битола на 5. место на “OCR – obstacle course race“ во Маврово (фото)
- Работилница со примена на виртуелна реалност на ИПА регион Битола (фото)
- Дебатен настан на УКЛО Битола за новите геополитички случувања ги здружи академската јавност и граѓаните
- Во книжарницата “Book’s House“ работилница на тема “Фиктивни – реални приказни“
- Денот на државноста на Хрватска, одбележан и во Битола (фотогалерија)