Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 131 возачи возеле пребрзо, засилените контроли продолжуваат

На 16.06.2022 во времето од 14 – 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 131 возачи. 42санкции се изречени на територија на Битола, 38 санкции на територија на Прилеп,  39 на  територијата на Ресен, 7 во Македонски Брод и 5 Крушево. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »