Синоќа, за прв пат со концерт под отворено, на сцената на Ракометното игралиште во Битола балканската ѕвезда Девито направи спектакл пред битолската публика, а на концертот иако не го покажа своето лице, сепак направи одлична атмосфера кај младата публика.Концертот со нетрпени го очекуваа голем број тинејџери кои го наполнаа ракометното игралиште.
Девито еден од најактуелните пејачи Балканот, миленик на младата публика, кои испеа во живо актуелни хитови.
Фановите ги пееја заедно со него хитовите “Омаџијала“, “Одузет“, “Ух“, “Вуду“, “Нина“, “Марина“ и други.
-Ви благодарам Битола, за одличната атмосфера, ви благодарам за тоа што вечерва бевте со мене, а се надевам дека ова ќе го повториеме за брзо време, им рече Девито на битолчани, а се потруди и заедно со нив да ја испее и “Битола мој роден крај“.
Младите покажаа дека сакаат да ја доживеат музиката на концерт со енергија и позитивни вибрации.
Концертот беше во организација на “Сцена продукција“.

Одличен концерт на балканската ѕвезда Девито во Битола (фотогалерија)
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- “Широк Сокак во бело“ по 13 пат, на “Магнолија“ во Битола (мега фотогалерија)
- Детски хепенинг на 13. издание на “Широк Сокак во бело- Бела ноќ“ кај Офицерски во Битола (фотогалерија)
- Armin Van Buuren сет визуелно музичко патување и спектакл на стадионот во Битола, уживаше публика од 10 илјади (фотогалерија+видео)
- Теа Таировиќ ја разгоре атмосферата на ракометно игралиште во Битола (фотогалерија)
- Ламбе Алабаковски и “Како пиреј“ за старт на продолжението на проектот „Македонијо во срце те носиме“ (видео)