Press "Enter" to skip to content

Илија Јанчевски, сопственик на кафе бар “Симбол“: голема одговорност е да се  продолжи традицијата на успешен семеен бизнис кој трае 20 години 

Жанета Ристевска

На 7 ми јуни 2002 година започна успешната приказна на кафе бар “Симбол“ и сопствениците Миле и Тереза Јанчевски. Јубилеј достоен за почит. На истиот датум и јубилејот 15 години тие довербата му ја даваат на својот син  Илија Јанчевски кој ја продолжува семејната традиција.Кафе бар “Симбол“ кога се отвори пред 20 години беше меѓу првите кафулиња на Широк Сокак. Со автентичен амбиент, препознатлива атмосфера, место за забава, се чекаше ред да се влезе и на минусни температури. Еден од првите кафулиња со органзирани забави, техно, маскенбал забави за 1 април, караоке и “Бела ноќ“.

Првиот “тим“ на кафе-барот “Симбол“

Од тој период следните години стана култно место на излегување, забава, на голем број битолчани, но и за гости од други страни.  За двата јубилеи на кафе бар “Симбол“ 20 години постоење и 5 години како управител, за  почетоци, одговорноста да се преземе овој бизнис, тешкотиите и пандемија. Разговор со Илија Јанчевски магистер по економски науки и моментално сопственик на кафе бар “Симбол“.Кои беа предизвиците и тешкотиите со кои се соочи после превземањето на кафе бар „Симбол“ доследно да се продолжи семејниот бизнис?

-Предизвикот беше голем да се застане да се води овој кафе бар. Искрен  да бидам не ми беше лесно, со свои 23 години да застанам на  место управител на кафе бар “Симјбол“. Чувствував голема одговорност кон довербата која  ми ја дадоа моите родители Миле и Тереза. Мојот татко Миле Јанчевски со искуство од над 30 години во угостителство. Во чаршијата го отвори  кафе бар “Амиго“ кој беше популарно место каде излегуваа битолчани во тој период, некаде 80 години.  Можам да кажам дека тој едноставно има  некој посебен сенс за овој бизнис. Кафе бар “Симбол“ беше  отворен на 7 јуни 2002, тогаш беше еден од првите кафулиња во овој така да го наречам, централен дел на Широк Сокак.Потоа со другите кафулиња наоколу “Игучи“, “Ин“, “Портал“ овој дел стана место каде во лето се чекаше да се помине. Исто така најдобар провод и забава за битолчани, но и за гости од други градови. Кафе бар “Симбол,“ стана познато место на собирање и прво место каде се организираа забави, се излегуваше од четврток до недела значи и недела што не беше вообичаено да се излегува  до тогаш. Заради големата гужва имаше на врата обезбедување за пуштање, бидејќи особено во зима немеше место каде да се помине. Со ова беше многу популарен и особено стана познат по караоке забавите.Кафе бар “Симбол“ на јубилеј 15 години во 2017 година со нов ентериер, персонал и нов предизвик, на ново време и генерации кои доаѓаат…

-На 15 годишнината од кафе бар “Симбол“ повторно на 7 ми јуни 2017 го презедов кафичот. Моите родители имаа целосна доверба во мене, што многу ми значи, бидејќи тие и до ден денес се моја голема поддршка.  Во тој период се направи  целосна реконструкција на внатрешниот  и надворешниот дел, со мои  идеи. Претходниот класичен стил на “Симбол“ се замени со модерен,  а ентериерот доби поинаков изглед како што е и до ден денес. Но, сепак задржан е еден дел со мебел кој потестува на почетоците, корените и убавите времиња на овој кафе бар. Тогаш имав завршено економски факултет и магистерски  студии кои се разбира ми помогнаа многу особено на почетокот, кога навлегував во овој бизнис. Исто така започнав со нов персонал, тим од кои голем дел од вработените работаат во кафичот, односно се со мене. Тоа зборува за добрата комуникација која ја имаме и сепак најважна во односот со моите вработени. Но сепак отворено ќе кажам дека на почетокот се соочив со голем број тешкотии, проблеми со добавувачи, конкуренција. Сметам дека конкурениција е добра мора да постои, бидејќи те тера на повеќе работа, докажување, но да биде фер.Кафе бар Симбол во овие 5 години стана место каде доаѓаат нови генерации млади кои излегуваат, се забавуваат, се вљубуваат. Кафе бар Симбол повторно во тренд особено за тинејџерите кои оваа зима бараа место повеќе и резервации на маси… За овие 5 години поминавме многу целиот персонал и јас. Како што кажав почнавме со ново уреден простор, life забави со изведувачи и артисти. Ќе набројам некои од нив кои настапувале во кафе бар Симбол: Неша „Галија“, Влатко Лозановски, Викторија Лоба… Забаво со ДЏ еи кои последните години се актуелни. Учествувавме во органзиарање на Бела ноќ на Широк Сокак која остана забележана кај битолчани како нешто многу впешатливо и убаво, што го одбележува крајот на летната сезона. Во организацијата на овој настан  учествуваме сите кафулиња од Широк Сокак, придонесуваме да се донесе светски познат артист кој ја забавува публиката цела ноќ до зори. Мислам дека кај сите буди многу убави чувства, Широк Сокак во бело, сите во бел дрес код…Во овие 5 години односно претходните 2  поминавме и пандемија со сите рестриктивни мерки. Во одреден период за да не бидеме потполно затворени имавме шанк со „take and go coffee“. Ќе кажам само  да не се повтори. Сега ќе гледаме напред, во подобри времиња.Кафе бар “Симбол“ препознатлив по забави преку лето, голем избор на пијалоци, коктели, кафиња и со својата местоположба привлечен за туристите кои доаѓаат во Битола…

-Коктелите исто така стана прeпознатлив знак за кафе бар “Симбол“ особено преку летниот период и популарни кај женскиот дел. Ги имааме со најразлични вкусови сите познати, но правиме и  оригинални само кај нас како “Симбол коктел“, “Мохито“ на наш начин со подобар вкус, безалкохолен со мешање на разни видови сокови и овошје популарен за помладите, тинејџерите.Преку ден доаѓаат гости на кафе шема, друга шема навечер со организирани забави кои вообичаено ги правиме во четврток. Летниот период има гости од различни страни: странски туристи, потоа нашите иселеници се постојании кога доаѓаат тука. Затоа се трудиме да бидеме на ниво во однос на пијалоци, како се служат, на кој начин, во соодветни чаши, вкусови и додатоци. Се трудиме да бидеме во тек со трендовите за да го сочуваме реномето кое се гради сите овие 20 години.Идни планови

-Ќе кажам дека ревјуата на ФБ покажуваат висок рејтинг и одлични оценки на кафе бар Симбол, тука транспарентно се пишува и кажува за нас. Ние сите од тимот на кафе бар Симбол сме многу задоволни, јас посебно. Тоа ми е поттик, но и уште многу докажување понатаму. Во иднина ќе работиме на тоа тој рејтинг да се задржи, но и подобри. Постојано се одржува кафичот во однос на обнова на мебел, одржување, но наредна година планираме повторно целосно реновирање надворшениот дел. Секако дека планираме да воведуваме и  други новини за да се биде конкурентен и да се следат трендовите во овој бизнис.Два  јубилеи достојни за почит, како ќе се одбележат…

-Во препознатлив стил на нашиот кафе бар со пригодни забави со ДЏ еи и многу коктели се одбележуваат и ќе се одбележуваат двата јубилеи. Се разбира со гости кои доаѓаат редовно и ќе доаѓаат во кафе бар “Симбол“. Тука се и нашите  пријатели, деловни партнери и соработници.Фото: Дамјана Ристевска

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »