Press "Enter" to skip to content

Во преполна Хераклеја со голем огномет и прекрасен концерт на Каролина започна “Битфест 2022“ (фотогалерија + видео)

Синоќа, во Битола, во преполниот антички театар Хераклеја Линкестис, започна битолското културно лето “Бит Фест“, а прва која имаше свој настап годинава беше поп дивата од Битола, Каролина Гочева, која со двачасовен концерт го разнежи своите сограѓани и оние кои деновиве се гости во Битола.Градоначалникот на Битола, Тони Кољановски, пред концертот, пред публиката повтори дека ова лето битолчани ќе имат прилика да гледаат  еден сосема нов концепт на културно лето, како и доликува на Битола, кое ќе трае до 31 август.-Содржините кои се дел од оваа програма даваат концепт на издигнување на фестивалот на повисоко естетско ниво со почитување на професионализмот, креативноста и повисоките критериуми и норми на уметничка изведба од страна на авторите и изведувачите кои ќе земат учество на “Бит Фест“. Фестивалот заслужено добива шанса да биде идентитетски силен  и да претставува предизвик и за уметниците и за публиката.

Започнуваме со најголемите македонски хитови на нашата битолчанка Каролина Гочева, со концерт во Хераклеја, а на 31 август ќе завршиме повторно со македонски хитови во изведба на групата „Меморија“, рече Коњановски.Пред започнување на концертот на Каролина присутните имаа ретка прилика да го гледаат големиот неколкуминутен огномет, по кој започна концертот кој ги разнежни срцата на присутните, кои го исполнија анфитеатарот во Хераклеја.Каролина ги поздрави битолчани, нагласи дека и пресреќна што после неколку години повторно се гледаат на едно од најубавите и најпосакуваните места за секој уметник, амфитеатарот во Хераклеја, после претходниот концерт на ова место во 2018 година.Посебно се израдував на концертот во Битола, а се чуствував прекрасно. Благодарам за честа да го отворам “Битфест“. Поминавме одлично вечерва. Се навратив на песни кои ја одбележале мојата кариера. Можеби дека со публиката во Битола не се дружевме претходните години, поради пандемијата, па и јас и публиката се зажеливме еден за друг, рече Каролина по завршувањето на концертот и испрати порака:Следува концерт во Скопје, на кој сите се повикувам. “Битфест се затвара на 31 август со концерт на “Меморија“.Фот0: Дамјана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »