Press "Enter" to skip to content

За три дена во Битола 5 нови позитивни на ковид-19, оздравени 7, активни 22 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 17.06 до 19.06.2022), направени се 1.972 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 5.

Регистрирани сe 124 оздравени пациенти од Битола се 7.

До сега во Битола има 15.739 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 22 случаи.

Во текот на изминатите 3 дена (од 17 до 19.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице.

Направени се во Битола 71 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 25 и преку “Плодност“ 46.

Досега во земјата се направени вкупно 2.072.171 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.960, бројот на оздравени пациенти е 303.287, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 351.

More from ВестиMore posts in Вести »