Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше работна средба со Амбасадорот на Унгарија, Н.Е д-р Ласло Иштван Дукс. На средбата на која присуствуваше и почесниот унгарски конзул во Битола Сашо Јанакиевски.Се разговараше за повеќе важни проекти кои треба да се реализираат во општина Битола, меѓу кои и изградбата на пречистителна станица, проекти за подобрување на квалитетот на животната средина, како и можностите за зајакнување на соработката помеѓу Битола и градовите во Унгарија, во повеќе области, меѓу кои економскиот развој, спортот и културата. Во насока на понатамошно заедничко делување, на денешната средба се разговараше и за започнување на постапка за збратимување на Битола со град од Унгарија.

Коњановски оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Н.Е д-р Ласло Иштван Дукс
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси