Press "Enter" to skip to content

Поранешните кошаркарки на Пелистер ги оживеаја спомените (фото)

Екипа на ЖКК Пелистер играше пред 20 тина години во Битола во прва и втора лига, а кошаркарките кои тогаш го носеа дресот на Пелисте деновиве на нивна прва средба по подолго време на која ги оживеја спомените.Љубовта кон кошарката беше нешто што во тоа време спојуваше повеќе генерации. Тогаш деца, денес возрасни девојки, на средбата се потсетија на еден од поубавите периоди од животот во кој всушност Битола и ЖКК Пелистер им даде многу.Цело животно богатство на радосни моменти, кога спортот беше дел од секојдневието. Правилото беше: “Тренинг во понеделник, среда и петок од 19.30. Кој дојде, дојде. Кој касни ќе се загрева на трибините по скалите”.Се потсетија на позајмените дресови и патики од постарите генерации, патувањата со комбето за кое понекогаш знаеше и да се расипе по пат, песните и плачките на враќање (зависно од резултатот),сендвичите во бутката надвор од Скопје и секако на Димо тренерот.Димо, беше тренерот на женските, кој како што се сеќаваат секое “не можам” го заменуваше со “мојш мојш”. И за чудо после стварно можевме! Се сеќаваат кошаркарките.И разочарувачки е што моментално во Битола нема женски кошаркарски клуб. Ние сме доказ дека малку треба за да се роди љубов на еден млад човек за кошарката!Нека 18 јуни биде денот кога поранешните и идните генерации на ЖКК ПЕЛИСТЕР секоја година ќе се собираат да изиграат традиционален натпревар во име на спортот и љубовта кон кошарката која обединува! 18 јуни, традиционален натпревар за нови спортски генерации!

Наташа Кузман

More from ВестиMore posts in Вести »