Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напади на “Романија“ и Голема ливада, 148 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 20.06.2022  на ул. „Романија“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 42 годишник од Битола затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и го нарушил јавниот ред и мир со недолично однесување. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.06.2022 во СВР Битола, лице од Соединетите Американски Држави, со привремен престој во Битола, пријави дека на место викано „Голема Ливада“ во националниот парк Пелистер, поради недоразбирање околу паркинг место, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.06.2022 во периодот од 15.00 до 21.00 часот на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа  акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 148 возачи, од кои 47 санкции се изречени на територија на Битола, 38 на територија на Ресен, 39 во Прилеп, 6 во Демир Хисар, 3 во Крушево и 15 санкции во Македонски Брод. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »