Press "Enter" to skip to content

Утре манастирска слава на “Св. Теодор Тирон“ над с. Граешница, поканети сите од Битола и битолско

Домаќините на манастирот “Св. Теодор Тирон“ од село Граешница, заедно со организаторите на работата, донаторите и мештаните на селото, утре, вторник, 21 јуни ќе ја ја прослават летната манастирска слава, пренос на моштите на Св. Теодор Стратилат.Богослужбата ќе започне во 10 часот и ќе се крши “Славскиот колач“, а служењето ќе го изврши бистричкиот парохиски свештеник отец Горан.Манастирот се наоѓа над селото Граешница (пред село Драгош) по пат прооден за лесни возила до самото село (асвалт), а пристапноста до самиот манастир (3,2 километри планински земјен пат) е приспособен за користење на лесни возила.