Фудбалерот Бурхан Мустафов се враќа во родниот град Битола и денес е најавен како ново засилување на Пелистер.
28 годишниот Мусрафов во Битола доаѓа од прволигашот ФК Ренова, а тој е прволигашко засилување во второлигашот Пелистер, како искусен прволигашки играч.
Мустафов потекнува од школата на ФК Пелистер, а во својата фудбалска кариера има настапувано за Победа, Струга Трим Љум, Силекс, како и во Албанија за ФК Теута.