Press "Enter" to skip to content

Инженерски прстен ќе се додели на дипломец од Техничкиот факултет – Битола

На најдобрo дипломираните студенти на инженерските факултети, на 23 јуни 2022 година, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски  ќе им го додели признанието Инженерски прстен.

Меѓу добитници на ова високо признание  е  студентката од Техничкиот факултет – Битола, Марија Стојаноска, дипломиран сообраќаен инженер и постдипломец на Техничкиот факултет при УКЛО.

Настанот  ќе се одржа во Кабинетот на Претседателот Пендаровски, кој воедно е покровител на оваа манифестација, во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и инженери.

Доделувањето Инженерски прстен освен  признание за најдобро дипломираните студенти од инженерските факултети претставува и своевиден поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.

More from ВестиMore posts in Вести »