Вечерва на сцената на Ракометното игралиште свој концерт ќе имаат два култни рок бендови -„АРЕА“ и „ВАН ГОГ“. Во пресрет на дуплата рокенрол забава, “Сцена продукција“ организира дружење со „АРЕА“ и „ВАН ГОГ“ на Ракометното игралиште со почеток во 13 часот. Сите нивни обожаватели ќе имаат можност да се фотографираат со Ружица и останатите членови на „АРЕА“ а се разбира и со Џуле и момците од „ВАН ГОГ“.
Освен фотографија со Вашите омилени изведувачи/бендови, за најсреќните меѓу присутните следуваат подароци ! Така ќе имате прилика да добиете оргинален примерок од CD на „ВАН ГОГ“ или CD-то со новиот албум на „АРЕА“ кој наскоро излегува по повод нивниот јубилеј – 30 години на сцената, а кој се уште не е во продажба.
За оние кои се уште не ги купиле своите влезници, на билетара на Ракометното игралиште во периодот од 13 до 18 часот истите ќе се продаваат по цена од 600 денари, а од 19 часот по цена од 800 денари.