Press "Enter" to skip to content

Ротари Клубот Битола Широк Сокак го реализираше проектот за чиста вода

Иницијативата да се обезбеди чиста вода за пиење за детската градинка Росица 1 во Бистрица, беше реализирана од заедничката соработка меѓу Ротари Клубот Битола Широк Сокак и ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“. Повеќе години детската градинка Росица 1, се соочува со проблем за чиста вода за пиење. Со цел да не дојде до затворање на оваа градинка поради непостоење на соодветни услови, се дојде до иницијатива за решавање на проблемот со водата, преку набавка на соодветна опрема за прочистување на водата понудена од страна на експерти, кои детално ја анализираа ситуацијата во која се наоѓа детската градинка.

Проектот „Чиста Вода“ има за цел да го реши проблемот со водата за пиење, преку набавка на опрема за прочистување на водата. Бенефиции од реализацијата на овој проект имаат децата и вработените од детската градинка Росица 1, во с. Бистрица. Ротари Клубот Битола Широк Сокак преку реализација на проектот: „Чиста вода“ обезеди решение за проблемот со водата за пиење и подготовка на храна за децата кои престојуваат во градинката, како и обезбедување на соодветни услови за опстојување на градинката, надминувајќи ги заканите за нејзино затворање. Идејата за реализација на овој проект произлезе од размислувањето дека е незамисливо да нема можности за добивање на чиста вода за пиење, особено во институции каде што престојуваат и се едуцираат деца.

Во рамките на проектот се реализираа следните активности: експертско мислење за решавање на проблемот, набавка на соодветна опрема и тоа: Експанзионен сад од 200 литри, UV sterilizer W 480, 3 Механички филтри „FILTER HOUSING L=20″Вграден од 10 μm; 5 μm; 1 μm и монтажа и поставување на опремата;

Проектот е финансиран од страна на Сојузот на Ротари Клубовите во Р. С. Македонија, како награден проект во отворениот повик. Етичките вредности кои Ротари Клубот Битола Широк Сокак ги покажува преку реализација на бројните проекти придонесува да се зголеми свеста кај граѓаните за важноста на чистата вода за пиење, како и реализација на проекти за заштита на водата.

More from ВестиMore posts in Вести »