Press "Enter" to skip to content

5+ БЕНД НА СЛАДОЛЕНД, мини-турнеја на “5+ Бенд“ и Замрзнатиот Петко, вечерва во Битола

Ново изненадување од Замрзнатиот Петко и 5+ Фамилија, проследено со многу музика, игра и дружење, ве очекуваат на СЛАДОЛЕНД – овогодинешната мини-турнеја на 5+ Бенд.

По повод јубилејот на 5+ образовната и забавна платформа која повеќе од 15 години успешно ги забавува и едуцира не само децата, туку и родителите, 5+ БЕНД и 5+ ФАМИЛИЈА подготвија ново музичко-сценско доживување за децата – овој пат фокусирајќи се на пораки за здрава и чиста животна средина и заштита на планетата.

Препознавајќи ја итноста на потребата од повторна популаризација на еколошките вредности, својот петнаесетгодишен јубилеј 5+ ФАМИЛИЈА го посветува токму на таа тема преку одржување на мини турнеја со своето најново музичко-сценско дело вечерва во Битола, на платото пред Офицерски.

Концерт е бесплатен и отворен за широката јавност.

Петко и 5+ Фамилија ве очекуваат!