Радост, песна, музика и игра го исполни платото пред Офицерскиот дом во Битола, каде многубројната публика се забавуваше заедно со Замрзнатиот Петко и 5+ Фамилија.
Големата забава на “Сладоленд, најмногу ги разигра најмладите низ прекрасното музичко – сценско доживување, кое истовремено имаше и еколошко едукативен карактер фокусирајќи се на пораки за здрава и чиста животна средина и заштита на планетата.
Оваа е тема за која младите постојано мора да се едуцираат.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој овозможи поддршка на организаторите со цел еден ваков прекрасен настан, за првпат да биде реализиран во Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”1064″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”31″]






