Press "Enter" to skip to content

Рок групите “Ван Гог“ и “Ареа“ со повеќе од 5 часа рок музика на ракометно игралиште во Битола (фотогалерија+видео)

-Драги луѓе, концертот одложен заради дождот на 10 јуни, сега сме овде со вас вечерва, во Битола, оние кои се овде и треба да се овде, со нас со причина  така започна, ја поздрави  публиката која синоќа дојде на рок концерт фронтменот на групата “Ван Гог“, Звонимир Ѓукиќ Џуле во свој стил.Рок концертот во организација на “Сцена продукција“ се одржа синоќа на ракометното игралиште, а беше одложен заради неповолни временски услови на 10 јуни. Рок групите “Ван Гог“ и “Ареа“ со концерт кој траеше повеќе од 5 часа го „затресија“ градот со рок музика. Како што вети фронтменот на “Ван Гог“, Звонимир Ѓукиќ во својата видео порака упатена кон битолчани пред концертот тоа и го исполнија.  Одличен концерт, различни генерации на едно место, играа, се забавуваа и уживаа повеќе од 5 часа во добар рок ен рол.  

Концертот  започна некаде околу 21 часот со настап на македонската рок група “Ареа“ која ја загреа публиката со изведба на своите хитови. После 11 часот започна настапот на белградската рок група “Ван Гог“. Групата ги изведе своите хитови “Неко те има ночас“, “Неко те воли“, “Списак разлога“, “Кидаш мој свет“, “Лудо луда“, “Анџеле брате мој“, “За године твоје“…Харизматичниот Џуле се обраќаше цело време кон публиката во свој стил најавувајќи ги рок хитовите со стихови, досетки, анегдоти… пееше низ публиката и ја пренесуваше својата енергија, а ја примаше низ ракувања и прегратки од неа. Концерт кој ќе се памети, како и другите концерти на овој рок бенд  во Битола.Ван Гог“ (Van Gogh) е српска рок група која настанала во 1986 и најголема популарност доживеа во 90 тите години. Членовите на групата кои се претставија синоќа фронтмен и гитарист Звонимир Ѓукиќ Ѓуле, басист – Предраг Поповиќ и тапанар – Србољуб Радивојевиќ го затресија ракометно игралиште со добар рок концерт до 1 часот по полноќ.

Ж.Ристевска