Синоќа во дворот на МКЦ Битола беше отворено 21. издание на “Битола отворен град“ кој годинава, како велат организаторите на Фестивалот годинава целосно е посветен на новата генерацијата, популарно наречена “Gen Z“ и новиот свеж бран кој таа со себеси го носи.Токму и младите волонтери во МЦК Битола ги изговорија слоганите “Градот е сега и овде“, “Градот не е нем“, “Градот се журка“, “Градот се сака“, “Градот е отворен“… и со тоа и неофицијално беше отворен фестивалот.
-Во годината кога МКЦ Битола одбележува 25 години од своето постоење го реализираме 21вото издание на фестивалот Битола отворен град спаковано во ново руво. Го подаруваме фестивалот на младите во градот и регионотсо силно уверување дека Битола имала и ќе има авангардна младина и критична маса подготвена за големи предизвици, рекоа од МКЦ Битола.
Младите волотери, членовите на МКЦ Битола, гостите и намерниците синоча имаа прилика да уживаат во целовечерната журка за која музиката беше избор на “BAD JUJU B2B JOSS“, а се освежуваа во летната ноќ со пијалоците на “Beer bar“ & “Triciklo“.

Синоќа во дворот на МКЦ Битола отворен фестивалот “Битола отворен град“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Алексовски: тркачите на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ низ Пелистер беа “послужени“ со 300 килограми храна и 1.000 литри вода
- Денес на “Бит фест“, претставата “Кротење на фуријата“ на “Битола Шекспир фестивал“
- ЈКП “Водовод“ Битола: поради дефект со прекинато водоснабдување во населбата “Недопирливи“
- Музиката на Клод Болинг синоќа во Офицерски дом во Битола (фотогалерија)
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена локална облачност
More from КултураMore posts in Култура »
- Денес на “Бит фест“, претставата “Кротење на фуријата“ на “Битола Шекспир фестивал“
- Денес на “Бит фест“: џез вечер со Клод Болинг – Тоот квартет
- Со концерти на три бенда во Градскиот парк заврши “Битола отворен град“ (фотогалерија)
- На третиот ден на “Битола отворен град“ промоција на “МИЗАР Отркровенија“ (фотогалерија)
- Започна 8. издание на “Битола Шекспир фестивал“ со “Магбет“ на полски јазик (фотогалерија)