Press "Enter" to skip to content

Утре стартува 8. издание на Шекспир фестивалот во Битола со “Макбет“ на театарот од Бјалисток, Полска

Драмскиот Театар “Александер Венгерка” од Бјалисток ќе ја претстави својата најнова продукција – „Макбет” во режија на Гжегож Суски, и со таа претстава ќе го отвори 8. издание на Меѓународниот Шекспир фестивал во Битола.

Оваа претстава е обрабоена по повод 210-годишнината, која паѓа во 2022 г., од првата претстава на Шекспировиот „Макбет“ на полската сцена. 

-Сакаме да ги доловиме сите значења на Шекспир. Секако, ние ги толкуваме на наш начин, но традицијата е зборот (и работењето на него), интелектуалната и емотивна содржина. Модерноста, пак, е инсценацијата. Музиката, сценографијата и костимите не се архаични, но секако алудираат на класиката – објаснува Гжегож Суски, режисерот на претставата.

-Многу сум среќен што можеме да земеме учество во проектот „Правец Шекспир“ и на тој начин да воспоставиме соработка со театар од јужна Европа, поточно со Народниот Театар од Битола. Фактот што ќе гостуваме на сцената во Северна Македонија, ни овозможува да го промовираме нашиот театар, нашите претстави и целиот регион – вели Пјотр Пулторак, директор на Драмскиот Театар.Претставата на Драмскиот Театар „Александер Венгерка” од Бјалисток се заснова на класичен текст, кој бара механизми, коишто ја одредуваат моќта, знаењето и човечкиот живот. Во инсценацијата „Макбет” на ансамблот од Бјалисток, важна улога играат живописните, интересни – понекогаш и свирепи – улоги на жени. Тие се ликовите околу кои се одвива дејството: Лејди Макбет и Лејди Макдаф, но подеднакво важни се и ликовите на Вештерките. Токму тие – користејќи ја амбицијата на Макбет – му дадоа до знаење дека само она што го нема, тоа е во него… И покрај тоа што претставата се фокусира на подлабоки и поуниверзални значења, тешко е да не се забележат врските со актуелните настани надвор од нашата источна граница. Во драмата злокобно е нагласена одговорноста за сторените дела, а Шекспировото прашање, од каде доаѓа злото во човекот – ќе биде нагласено со сета строгост. Сите елементи на изведбата како и прекрасно претставените во стихови, фрази на Шекспир, се магнет за гледачите кои сакаат да искусат и видат нешто вредно, како и да слушнат нешто мудро.

Улоги ти играат: Макбет – Бернард Бања, Лејди Макбет – Јустина Годлевска-Кручковска, Макдаф – Кжиштоф Лавњчак, Рос – Марек Тишкевич, Сајтон – Моника Заборска, Данкан, Доктор – Славомир Поплавски, Банко, Вештер, Сениште – Пјотр Шековски, Вештерка – Агњешка Можејко-Шековска, Вештерка – Беата Хичевска, Вештерка – Катажина Шергеј, Вратар, Убиец, Бунтовник, Сениште – Гжегож Суски, Ѓавол, Гостин на крунисувањето – Камила Врубел-Малец, Велмошка – Катажина Микевич, Доналбејн, Убиец, Сениште – Давид Малец, Малколм, Гостин на крунисувањето – Патрик Олџејевски, Хекате – Кристина Кацпрович-Соколовска и Дете – Кацпер Вноровски.

Инаку, Драмски Театар „Александер Венгерка” од Бјалисток е уникатно место во Подлаското војводство, со долга традиција. Историјата на театарот датира од 1938 година. Театарот низ годините има подготвено 620 премиери, вклучувајќи понуди за гледачи со високи уметнички очекувања, кои се занимаваат со проблемите на современиот свет и човек, како и за оние кои бараат забава на високо ниво.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »