На 24.06.2022 на ул. “Тодор Скаловски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица од Битола на возраст од 32 и 43 години, и 33 годишно лице од Саудиска Арабија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и други предмети.
Истиот ден од страна на полициски службеници при СВР Битола извршен е претрес во домот на едниот битолчанец на ул. “Партизанска“ во Битола при што пронајдени и одземени се грутчеста материја, прашкаста материја, растителна материја, 18 семки, дробилка, ризли и други предмети.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.