НУУБ “Св. Климет Охридски“ беше домаќин на децата кои го посетуваат едукативниот центар во Битола, “Smart Kids“ со своите наставнички Маја Јовановска и Елена Дуле Димитровска. Посета на библиотеката ја започнаа со забавна прошетка низ библиотеката, а потоа сите заедно уживаа во поезијата за деца која ни ја читаа Атанасиј, Андреј, Марко, Михаил, Јана, Филип и Андреј.
За крај библиотекарката им прочита една прекрасна поучна сликовница со наслов „Денеска ти нема да играш“ од која научивме дека не треба да им наредуваме и да измислуваме работи за нашите другарчиња. Бидејќи тој што прави лошо, на крај лошото му се враќа.










