Вчера и денес екипата на Пелистер од Битола потпиша договори со двајца фудбалери, еден го продолжи договорот, а другиот потпиша нов договор.
Капитенот на Пелистер, одлучи да остане во Битола и наредната сезона да игра во матичниот клуб. Драгарски е столб во одбраната и важен играч за тимот.
Битолскиот второлигаш е доста активен во овој преоден рок, за наредната сезона ќе биде посилен за Христијан Грозданоски, 29-годишен дефанзивец кој доаѓа од редовите на Воска Спорт, а е роден во Битола. Гроздановски настапувал и за Работнички, Силекс, Новаци, Гостивар и Царев Двор.
Пелистерци претходно договорија неколку младинци за претстојната сезона, а во Пелистер ќе бидат Филип Миленковски, Бурхан Мустафов, Благоја Љамчевски и Илче Петровски, како и младинците Бојан Стефановски, Стефан Ивановски, Мартин Андоновски, Христијан Торневски и Амир Фејзуловски.