Press "Enter" to skip to content

Кампања во Битола за зголемување на бројот на згрижувачки семејства (фотогалерија)

Центарот за поддршка на згрижувачки семејства СОС Детско село, како имплементатор на проектот “Унапредување на системски недостатоци –Поддршка на реформите во системот за заштита на деца”, на плоштадот Магнолија, го организираше настанот насловен “Подај рака и промени живот! Стани згрижувач!“.Активности се дел од организираната кампања која има за цел да ја зголеми информираноста за значењето и бенефитите на програмата за згрижување на деца, да се покрене свесноста за важноста на згрижување на деца и да се создаде  можност за креирање на една достапна мрежа за згрижувачки/роднински семејства низ целата територија на државата.На настанот, свое обраќање имаше и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која нагласи дека во државата има 350 згрижувачки семејства кои се грижат за 600 корисници, но сеуште потребата за згрижувачки семејства е голема.Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека, развојот на социјалните услуги во локалната заедница и нивната достапност до граѓаните треба да биде постојана заедничка заложба, на сите релевантни субјекти кои делуваат во оваа област.-Како градоначалник на општина Битола, ја поддржувам оваа иницијатива за градење на мрежа на згрижувачки семејства и достапни услуги во локалната заедница за сите граѓани. Грижата за најмладите, секогаш мора да биде помеѓу приоритетите, затоа што делувањето во најрана возраст, го креира понатамошниот процес на развојот на личноста. За децата кои останале без соодветна родителска грижа важно е да продолжат да живеат во познато опкружување, онаму од каде потекнуваат, со што ќе ги одржуваат трајните врски со поширокото семејство. Локалната самоуправа, преку активно делување во делот на своите надлежности, ќе даде свој придонес во  идентификување на потенцијални згрижувачи кои ќе обезбедат грижа и заштита на децата и ќе овозможат одржување на врските со семејството, заедницата и културното потекло. Истовремено, се заложуваме за развој на систем на поддршка од други дополнителни социјални услуги кои понатаму ќе се усовршуваат и развиваат, согласно потребите на населението и граѓаните од овој град. Очекувам понатамошно успешно делување и постигнување на резултати кои имаат големо значење во надминување на недостатоците и унапредување на системот на заштита на децата“, рече градоначалникот Тони Коњановски.-Лидија Ѓошевска, директор на Центарот за социјални работи во Битола испрати  охрабрувачки пораки до присутните, со цел поттикнување на хуманоста на граѓаните и несебично дарување љубов и рака за децата на кои тоа им е најпотребно.