Press "Enter" to skip to content

“СН Сервис“ од Битола заедно со деловните партнери и пријателите одбележа 5 години работење (фотогалерија)

“СН Сервис“ станбен управител и сервис за одржување на хигиена го прослави својот 5.  роденден во присуство на нивни пријатели, колеги и деловни соработници.“СН Сервис“ после 5 години постоење е лидер во станбеното управување во нашиот град.Нивните услуги за одржување на хигиена ги користат голем број на деловни објекти, фабрики, ресторани, ординации, како и за приватни станбени простории.Сопствениците, Стефан Димовски и Никола Субашевски изразија задоволство и се заблагодарија на сите присутни на забавата, им ветија дека и во иднина ќе се заложат нивните услуги да бидат како и до сега, квалитетни, транспарентни и навремени.За нивната забава да биде комплетна се погрижи бендот “Invictus“.