Press "Enter" to skip to content

Акцијашите од МРА “Пат на младоста 1982“ денес во Битола се потсетија и ги оживеја спомените стари 50 години (фотогалерија)

По точно 50 години денес во Битола, во дворот на Општината се собраа акцијашите од Битола и други градови од Македонија кои учествуваа на младинската работна акција “Пат на младоста 1982“ кога се градеше регионалниот пат од Прилеп преку Битола до Ресен.Организатор на денешната средба каде акцијашите се потсетија на времето од пред 50 години и ги оживеаја спомените за тоа време беше здружението “Волонтери-Пелистер“.Мишко Гелевски, дел од “Волонтери – Пелистер“ пред 50 години беше командант на акцијата “Пат на младоста“, кој на денешната средба рече:-Имам, прво, обврска да ве поздравам сите кои сте тука од командантот на акцијата Ѓоре Михајловски, кој денес не е во можност да биде со нас, а секако и убав престој во Битола на гостите од другите градови на Македононија. МРА “Пат на младоста“ продолжи после работната акција “Стрежево“ која работеше на изградба на хидро системот “Стрежево“, а три години од оваа акција работевме на патниот правец Прилеп-Битола-Ресен. Секоја година учествуваа по 5-6 бригади во смена, односно 1.000 бригадири во една акција. Имаше претставници од сите републики од Југославија. Во тоа време пред 50 години имаше други вредности, едно големо дружење, што тогаш многу се почитуваа. Битола од 70-тите години во 80 години го има најголемиот развој економски. Изграден е РЕК, Битолската болница, ХС “Стрежево“  патот на кој ние работевме, која додаде:-Беше многу лесно да се биде командант на оваа акција, бидејќи младите сериосно ја сфаќаа работата и секој ревносно ја исполнуваше својата обврска.За време на собирот на поранешните акцијаши беа изложените фотографии кои тие ги донеоа и беа нем сведок на случувањата на патот и бараките во Нижеполе, каде беше базата на бригадите. Се присетија на другарството, мајтапите, раѓањето на љубов, а која една таква заврши со брак, а дури и за свадба која се случила.На собирот на сите им “падна во очи“, Кире Марков, нареден со ударнички значки, како руски генерал, која рече дека има наредено 24, а за тоа време рече:-Имам добиено, а тука се 24, кои се на моето акцијашко одело, ударнички значки. Тоа се од цела Југолавија, а една од акција во Ташкент. Пред 50 години да бидеш бригадир и ударник беше голема чест, а сега со гордост ги носам и со гордост се присетувам на тоа време. Но, денес не е така со младите, иако јас посакувам и денес да го има тој живот од тоа време, и со гордост се фотографира со Игор Јосифовски од Охрид, 19 години, дел од подмладокот на акцијашите.За спомените од тоа време зборуваше и Кире Димовски, кој битолчани повеќе го познаваат како Француло, кој рече дека во тоа време во “Стрежево“ и “Пат ма младоста“ кога бил и пет пати командат на траса, било срамота да се каже не можам, а по горештини и дожд работеа и машините и младите.-Сум поминувал пешки по трасата многупати, по патот и по браната “Стрежево“ пешки ја поминуваме и трасиравме, пред да се наполни со вода. Но пак ќе повторам дека е штета што се укинаа младинските работни акции, додава Францусо кој може да се пофали со 34 години акцијашко искуство.На денешната средба најмлад учесник беше 16 месечниот Душан Јанкуловски, кој е премал да оваа средба му остане во сеќавање. Малиот Душан е внук на првиот командант на МРА “Стрежево“, починатиот младински активист од Битола.Малиот Душан се умори и се најде во прегратки на неговата мајка, по некое време неговите родители и нему со гордост ќе му ги покажауваат денешните фот0графии и ќе му раскажуваат за неговиот дедо, кој беше еден од најпочитуваните младински раководители во тоа време, и иницијатор за оваа средба, која започна да се реализира пред 2 години.

Текст и фото. С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »