Press "Enter" to skip to content

Блаже Докуле со самостојната изложба во Куќата на Робевци во Охрид “50 години творештво- половина век современа карикатура“ (фото)

По изложбата на Блаже Докуле во Охрид следува изложба и во Битола во рамките на Битфест каде љубителите на уметноста и карикатурата од Битола, ќе видат дел од творештвото на Докуле, насловни страни, илустрации, карикатури…Во еден  од најрепрезентативните објекти на градската архитектура во Македонија Куќата на Робевци во организација на Завод за заштита на спомениците на културата и музеј на град Охрид, свечено беше отворена изложбата на нашиот кариатурист Блаже Докуле.Под наслов “50 години творештво- половина век современа карикатура“  тој одбележа еден свој јубилеј 50 години творештво, а изложбат во Охрид, во Куќата на Робевци ја отвори и за неа зборуваше Катерина Ристеска – Велковска, која го нагласи значењето на карикатурата и придонесот кој го има во развојот на карикарурата во Македонија.-Оваа е моја четврта самостојна изложба, претходно беа три самостојни изложби и тоа во Книн Р. Хрватска 1980 год. Битола 1990 год. и Струмица  2001 година. Идејата  ми беше да го одбележам  творештво 50 години со самостојна изложба на мои најдобри дела, а да одбележам и половина век современа карикатура. Мило ми е што својот јубилеј го прославив со мои пријатели, колеги, вљубеници во карикатурата кои присутвуваа на оваа изложба, во музејот Куќата на Робевци споменик на културата на град Охрид и  Македонија, вели Докуле, кој додаде:-Би сакал со моето богато творештво и оваа изложба да инспирирам млади талентирани деца.  За школа имам размислувано, но не знам какаов би бил одзивот со оглед на тоа што карикатурата не на она место кое го заслужува.

-Порано кажав дека сакам да покренам иницијатива за Фестивал за хумор и сатира во Битола, тука на едно место би се собрале сите битолчани и други гости кои цртаат карикатура, пишуваат афоризми, хумор и театарски групи. Се надевам дека изложбата која се одржа во Охрид и наредната во Битола, ќе биде поттик за некои други млади луѓе да се занимаат во карикарура, рече Докуле.

Ж.Ристевска, фото: Д.Гиновски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »