Press "Enter" to skip to content

Вечер во Битола стартува 8 издание на “Битола Шекспир фестивал“

Вечер во Битола, на сцената на Народниот театар на радост на вљубениците во театарот и почитувачите на делата на големиот Вилијам Шекспир, по двегодишна пауза ќе започне “Битола Шекспир фестивал“, кој ќе трае до 30 јуни.

Мото на фестивалот е „Thought is free“ (Мислата е слободна), преземено како цитат од „Бура“ на Шекспир.

Домаќините, Народен театар Битола соопштија дека на овој Фестивал ќе настапат театри од Полска, Црна Гора, Албанија, Италија и Бугарија. 

-Среќни сме што се случува “Битола Шекспир Фестивал“ после двегодишна пауза, што сме сите заедно и што ќе се сретнеме со интернационални уметници од повеќе земји и што ќе ги отвориме вратите на нашиот театар. Оваа година со редуцирани средства ќе направиме еден фестивал на кој ќе бидеме горди и кој ќе може да се мери со другите. Оваа година буџетот е 1.6 милиони денари, од кои еден милион од Министерството за култура, а 600.000 денари од Општина Битола, изјавија на средбата со новинарите, пред отворањето на Фетсивалот,  Лина Чоревска, уметнички директор и Иван Јерчиќ, директор на Народен театар Битола.

Честа да го отворат осмото издание на „Битола Шекспир фестивал“ им припадна на актерите од Драмскиот театар „Александар Вегиерко“ од Бјалисток, Полска, со “Макбет“ од Шекспир во режија на Грегор Суски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »