Во рамките на “Битола отворен град“ и “Битфест“ синоќа во дворот на МКЦ Битола, бепе промовирана книгата “ВО ДИЈАЛОГ, Визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар-Јадро (2020-2021)“ чии промотори беа Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Јанчевски.

Во книгата „Во дијалог“, Визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар-Јадро (2020-2021) се поместени сублимираните транскрипти од презентациите и разговорите со десет македонски визуелни уметници, пет видео уметници од Македонија и регионот и пет македонски дизајнери.
Се надеваме дека преку овие презентации и разговори сo истакнати автори ќе успееме да придонесеме во поголема промоција како и генерациско поврзување што ќе помогне во воспоставувањето на континуитет и интензивирање на дијалогот на локалната уметничка сцена, велат од МКЦ Битола.Фото: Дамјана
[ngg src=”galleries” ids=”1068″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]










