Во големата сала на Народниот театар во Битола, со претставата “Макбет“, која се одигра на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ во режија на Грегор Суски, а во изведба на Драмски театар “Александар Вегиерко“, од Бјалисток, Полска, започна осмото издание на Битола Шекспир фестивал.После двегодишна пауза, поради ковид пандемијата, вечерва започнува осмото издание на “Битола Шекспир Фестивал“, во рамките на “Битфест“, фестивалот, кој е во организација на Народен театар – Битола, годинава се одржува под мотото “Мислата е слободн“, цитат од делото “Бура“ на Шекспир.
Изведбата на Драмскиот театар Александар Вегиерко во Бјалисток е заснована на класичен текст, барајќи механизми кои ја одредуваат моќта, знаењето и човечкиот живот. Шарени, интересни – понекогаш дури и сурови – женски ликови играат важна улога во постановката на Магбет во Бјалисток. Лејди Макбет и Лејди Макдаф, но и ликовите на Вештерките се подеднакво важни. Тие – користејќи ја амбицијата на Макбет – го тераат да сфати дека во него е она што всушност го нема …
Вљубениците во театарот и почитувачите на делата на големиот автор Вилијам Шекспир, до 30 јуни, ќе можат да проследат повеќе театарски претстави во изведба на театри од: Полска, Црна Гора, Албанија, Италија и Бугарија.
Општина Битола, продолжува со поддршка на овој фестивал, кој е од големо значење за градот и неговата промоција во светски рамки. Градоначалникот Коњановски, посакувајќи им пријатен престој во Битола на театарските екипи од другите земји, посака реализација на уште едно успешно издание на “Битола Шекспир фестивалот“.
-“Битола Шекспир фестивалот“, како манифестација која ги надминува локалните и националните граници, претставува едно од значајните обележја за високиот квалитет на битолското културно лето. Верувам дека, оваа година Народниот театар од Битола, како организатор на овој фестивал, ќе реализира богата програма, а многубројната публика, ќе ги потврди нашите заеднички желби и заложби, Битола да реализира квалитетна програма, која одговара на високото ниво на другите фестивали од Асоцијацијата на европски Шекспир фестивали, напиша градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Започна 8. издание на “Битола Шекспир фестивал“ со “Магбет“ на полски јазик (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)
- Објавен конкурс за доделување на наградата “Антево перо“
- Промовиран училишниот весник “Нова Веда“ на гимназијата “Јосип Броз Тито“- Битола (фотогалерија)
- За Соња Михајлова наградата за животно дело на МТФ “Војдан Чернодрински” во Прилеп