Press "Enter" to skip to content

Во Битола, на “Магнолија“ се одржа Собор за заштита на семејните вредности, а потоа марш по Широк Сокак (фотогалерија)

Вечерва на плоштадот “Магнолија“ во Битола се одржа, најавениот во неколку градови во Македонија, општ семакедонски Собор за заштита на семејните вредности, на кој се зборуваше за семејството како еден од најважните столбови на едно здраво и нормално општество, а потоа се одржа и марш по Широк Сокак во Битола.Собор за заштита на семејните вредности го отвори Драгана Спасевска, во име на организаторите “Македонското обединувачко движење“ од Битола.Таа зборуваше за целта при шо рече дека е да го дигнеме јасно и гласно гласот против изопачените човечки вредности кои ни ги наметнуваат преку медиумите, социјалните мрежи, законодавтсвото, а со тоа и образованието, а подоцна и за образованието, за учебниците, за сексуалното образование, прашалниците…На “Магнолија“ зборуваше и Протоереј Златко Костовски, кој до присутните го пренесе поздравот и благословот од Владиката Петар.-Светиот Апостол Павле семејството го нарекува домашна црква, а за тајната на бракот и тајната на семејството,во Посланието до Ефестијаните вели дека оваа тајна е голема но јас ви зборувам за Христос и за црквата. Бракот, односно семејството во однос на големата тајна на светот и уште повеќе за тајната на неговиот творец е мала и привидни безначајна. Меѓутоа иако е семејството на прв поглед мали, во него се зобрани сите тајни на небото и земјата, Бог и човекот, или како што вели Апостол Павле, Христос и Црквата.Бракот како заедница на два пола, машки и женски, претставува најопиплива реалност на човечкиот живот. Семејството од секогаш е основна ќелија на општеството, а тоа е темел од се почнува и на кој се надоградува. Кога сите столбови на човечкото општество ќе се срушат, а семејството остане, Христијански недопрено, сепак ќе биде во состојба да одржи се. Но ако последен столб се сруши тогаш неизбежно ќе падне целата зграда на животот. Денес семејството секој ден трпи големи удари кои често скриено и се задаваат, а тоа води кон тешки последици. Слушаме за права на човекот но ги забораваме неговите обврски. Никој нема право да го понижув семејството, а семејтвото мора да биде носител на воспитувањето, рече отец Златко.На Соборот зборуваше и студентката на Филозовскиот факултет, отсек по семејни студии, Елена Михајловска.   По одржување на општиот семакедонски Собор за заштита на семејните вредности, се одржа и марш по Широк Сокак.

More from ВестиMore posts in Вести »