Press "Enter" to skip to content

Симона Стојановска прва одбојкарка од Битола член на македонска “А“ одбојкарска селекција

Многу спортисти од Битола се дел од спортската историја на Македонија, со учество во селекции или со постигнување на резултати достојни за почит. Денес уште еден спортист од Битола е дел од спортската историја на нашиот град.

Тое е Симона Стојановски, македонска одвојкарска репрезентативка, дел “А“ селекција на одбојкарската репрезентација на Македонија, која денес го имаше и првиот настап на Медитеранските игри во Алжир, против репрезентацијата на Египет.

Во редовите на оваа селекција, за прв пат во историјата има и една битолчанка, средниот блокер, Симона Стојановска, одбојкарка која играше во сите селекции на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола, каде се истакна и како резултат на нејзината игра следуваа поканите од повеќе клубови.

Стојановски во домашниот шампионат веќе неколку сезони по ред настапува за екипата на Јанта Волеј КВ, а претходно играше и за екипата на Работнички од Скопје во чиј клуб пак се пресели од нејзиниот матичен клуб, Пелистер Волеј.

More from ВестиMore posts in Вести »