Лапароскопската хирургија и хистероскопските операции се позачестени во болница “Плодност“. Класичната хирургија во 85% од случаите ја заменивме со лапарохистероскопски операции, кои за докторите се потешки за изведување, но за пациентите бенефитот е голем. Хоспитализацијата трае од неколку часа, до максимални два дена, со што опоравувањето на пациентите е пократко и побргу можат да се вратат на работните обврски.-Минатата недела во болница “Плодност“ беше многу динамична, беа изведени 10 хистероскопски и 12 лапароскиопски операции за вадење на цисти на јајниците, од кои 4 завршија со тотално вадење на матките. Во еден случај беше изведено комплетно вадење на лимфните жлезди во малата карлица за карцином на ендометриумот и една несекојдневна лапароскопска пектинеопексија, подигнување на вагиналните ѕидови за пектинеалниот лигамент на пубичната коска кај пациентка со т.н. Wault prolaps, после класично вадење на матката, истакна д-р Христијан Трпчевски, шеф на одделот за ендоскопска хирургија, кој дадава:
-За оваа операција, која единствено се прави кај нас во Македонија и само во неколку напредни лапароскопски центри, како најнова метода за која се уште се собираат првичните искуства, повеќе ќе информираме во наредна објава. Го чекаме исходот од опоравувањето на пациентките. Првите две беа одлично корегирани. Во светот има малку објави за ваквиот тип на операции и се собираат почетни искуства. Доколку имаме поголема фреквенција, значаен ќе биде и нашиот придонес.

Ендоскопската хирургија во болницата “Плодност“ во подем
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- На топло сонце нема поубаво од освежување со највкусните “Metropoli“ сладоледи
- “VOLUSON EXPERT 22“ најнов апарат за ултразвук во болница “Плодност“, за прв пат во Македонија (видео)
- Одбележување на Светскиот ден на млекото: БИМИЛК и ЈОУДГ „Мајски Цвет” Битола со донација на детска креативна патека
- Започна сезоната на сладодед во слаткарници “ГТ“ на Широк Сокак
- Во “Плинмонт” монтажа на автогасните системи од марките: “Landi, “Landirenco” и “Lovato”