Press "Enter" to skip to content

Ротари клубот Битола Широк Сокак потпиша меморандум за соработка со Библиотеката

Во рамките на своите планирани активности, денес, Ротари Клубот Битола Широк Сокак потпиша меморандум за соработка со НУ Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола.

Претседателот за ротаријанската 2021/2022 година, Владимир Христовски и директорот м-р Бојан Стефановски, остварија средба со цел, реализација на заеднички идни проекти.

На средбата, директорот м-р Бојан Стефановски ги запозна претставниците од Ротари Клубот Битола Широк Сокак со тековните проекти на библиотеката, како и предизвиците со кои се соочуваат.Претставниците од Ротари Клубот Битола Широк Сокак, Владимир Христовски и проф. д-р Моника Марковска, ги претставија досегашните проекти и акции кои се реализирани во текот на оваа година, како и планираните идни проекти.

На средбата се дискутираше за условите и начините на соработка. Исто така, средбата резултираше со продуктивни идеи за реализација во периодот што следи.

Ротари Клубот Битола Широк Сокак и во иднина ќе продолжи со своите активности кои се во насока на реализација на Ротари мисијата: “Service Above Self”.

Ваквите активности уште еднаш го потврдуваат фактот дека соработката со јавните институции зазема клучно место во активностите на Ротари, во насока да се постигне целта- заедницата да стане подобро место за живеење.

М.Марковска

More from ВестиMore posts in Вести »