Press "Enter" to skip to content

Српското здружение од Битола го одбележа верскиот празник Видовден (фото)

Српскот здружение  од Битола го одбележаa верскиот празник Видовден. После две години прекин заради пандемија оваа година  беше организиран традиционална свеченост помен во чест на загинатите јунаци во Косовската битка, во Буковскиот манастирот, близу Битола.Свеченоста  беше организирана од Српското здружение во Битола и претседателот Зоран Жугиќ, а присуствуваше почесниот српски конзул, Силјан Мицевски.

Овогодинешни кумови  на свеченоста по повод верскиот празник Видовден, Весна и Тони Милевски од Битола изјавија:-На големиот празник Св. Сава на наше големо задоволство ни припадна честа да бидеме на овој ден. Верскиот празник Видовден се слави на 28 јуни, но ние го организиравме овој настан на 25 јуни заради работни обврски.  Видовден не е празник на радоста, не се игра или пее, туку се оддава помен на кнез Лазар Хребељановиќ и на загинатите српски јунаци во Косовската битка против Турците во 1389 година. Спрема верувањата воочи битката  Милош Обилиќ кажал: „Утре е Видовден, ќе се види кој е вера, а кој невера“. Исто така ќе кажам еден интересен факт. Одбележувањето на овој голем ден спаѓа во Петровденски пости, но нема посна храна, бидејќи во чест на војниците од Кососвскат битка кои кога оделе на бојното поле, јаделе месо за да бидат силни.Видовден е традиционално важен ден за Србите како датум кога отоманските сили во 1389 година, во битката на Косово, го поразиле средновековното српско царство, што довело до губење на независност на Србија повеќе од четири века, ден на Косовскиот бој кога загинува цар Лазар.