Синоќа во Битола, послед полноќ, во градскиот парк во Битола по одржување на три концерти, заврши годинашното 21. издание на фестивалот “Битола отворен град“, кој го организира Младинскиот културен центар од Битола.
Трите бенда кои се претставија пред битолската млади публика во паркот ним им понудија нешто ново во овие летни горештини, а младите уживаа во убава летна журка на отворено.
Најпрво во Битола концеет имаше битолската група “ВЕЛ“, која понуди нешто повеќе за битолчани, а потоа следуваа “БAiLDSA“ од Солун.
Главни ѕвезди на “Битола отворен град“ беа групата “Helem Neјse“ од Сараево, Босна и Херцеговина.
“Helem Neјse“ е хип-хоп музичка група која е создадена во 2014 година, а во неа се Адмир Чулар – Чика Гатара, Амер Чанковиќ – Стихомир Клепиќ и Тихомир Радиќ – Тоши Домачин. На платформата “ју-туб“ имаа милионски прегледи, а најголема популарност добиваат по објава на песните “Кабадахија“, “Пионирка“ и “Босниа“. Имаат и свое радио студио.
Низ нивните песни преку сатира ги третираат политичко-социјалните проблеми од секојдневието. До сега имаат објавено и три албуми “Го у гостима“, “Пола човек, пола један“ и “Глутен таг“.
Интернационален младински арт фестивал во организација на Младински културен центар- Битола, кој е во рамките на Битолското културно лето “Бит фест 2022“.

Со концерти на три бенда во Градскиот парк заврши “Битола отворен град“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер
More from КултураMore posts in Култура »
- Верица Недеска и Игор Ангелов со “Љубовни писма“ во интимна театарска вечер во “UTOPIA“ во Битола
- Давор Неќак, баритонот од Битола ќе дебитира во улогата на Фигаро во ХНК Сплит
- Од роман до кино: „Оркански височини“ и границата меѓу литературата и филмот
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика










