Press "Enter" to skip to content

Креирање модел на локална инклузивна средина и во Битола

Во рамки на проектот Инклузија на деца со посебни образовни потреби, на 27ми јуни беше организирана јавна дебата под наслов „Креирање модел на локална инклузивна заедница“. Настанот беше направен во соработка со општина Битола и Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците. 

Целта на настанот беше да се промовираат досегашните резултати во рамки на проектот, но и да се продискутира за моменталната состаојба, потребите и тековните предизвици во насока на градење инклузивна локална средина. Во присуство на претставници од локалната самоуправа, основните и средни училишта во градот, граѓански организации и организации на лица со попреченост, училиште со ресурцен центар, центар за поддршка, родители и дневни центри се водеше дискусија од која произлегоа конструктивни препораки и потреби. 

Свое обраќање кон присутните имаа претставници од локалната самоуправа, двете основни училишта кои се вклучени во проектот, како и претставници од училиштето со ресурсен центар „Кочо Рацин“. Тие ги промовираа досегашните иницијативи кои постојат на локално ниво, но заеднички и едногласно сите повикаа на зајакнување на соработката помеѓу различните актери и потребата од поддшка во градење на еднакви можности за сите ученици. Како позначајни препораки кои произлегоа од оваа средба се следните:

-Зајакнување на соработката на локално ниво и користење на постоечките ресурси во надминување на предизвиците и бариерите за учество на сите ученици во процесот на образование и социјален живот;

-Јакнење на професионалните компетенции на наставниците, воспитувачите, професорите од средните училишта и универзитетските професори во насока на креирање инклузивна клима во образовните институции;

-Надминување на архитектонски и бариери за учење преку подобрување на пристапноста и обезбедување асистивна технологија и дидактички материјали;

-Проширување на одговорностите и задачите на образовните асистенти и користење на постоечките асистенти за поддршка на поголем број ученици и наставници.

-Афирмирање на бизнис заедницата преку иницијативи на училиштата за презентација на тековните потреби и иницијативи за поддршка и активно учество во училишниот живот;

-Поголемо вклучување на родителите во обук, работилници за јакнење на свеста за инклузија, и

-Користење на постоечките услуги и ресурси кои ги нудат училиштето со ресурсен центар и центарот на поддршка во поддршка на училиштата.

Проектот Инклузија на деца со посебни образовни потреби го спроведува Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците од Скопје со поддршка од Детската Фондација Песталоци. На ниво на општина Битола, во проектот вклучени се основните училишта „Елпида Караманди“ и „Коле Канински“, како и училиштето со ресурсен центар „Кочо Рацин“. 

More from ВестиMore posts in Вести »