Во годината кога слави 20 години постоење, аптеката “Роса Вита“ на уште една локација во нашиот град. Во непосредна близина на клиничка болница и болница “Плодност“, наспроти “Тера“ и “Слатка Куќа“, од денес достапна за граѓаните кои живеат во овој дел од градот.Сузана Димовска, сопственик на аптека “Роса Вита“ на отворањето на новата аптека рече:
-Од денес имаме уште една аптека во нашиот град. Голема чест и задоволство ми е да кажам дека идејата за отворање на уште една “Роса Вита“ на втора локација произлезе од самите пациенти кои во повеќе наврати ни укажуваа и изјавуваа дека сме им потребни поблиску до местото на живење. Во оваа прилика би сакала да им се заблагодарам за берзезервната поддршка на пациентите и да им ветам дека и на новата локација ќе продолжиме со истиот жар, посветеност и грижа за пациентите како и до сега.
Асортимански, новоотворената аптека на “Роса Вита“ ќе биде снабдена со целата палета на производи како и во аптеката во центарот на градот, во поглед на витамини, додатоци во исхраната, козметика, бебешка опрема, лекови на товар на фондот за здравство, пелени и ортопедски помагала.
Симона Литовска, магистер по фармација, која е дел од тимот на “Роса Вита“ вели:
-Среќни сме што започнуваме нова приказна, на нова локација. Зборувам во име на целиот тим, здравјето на граѓаните ќе ни остане приоритет. Целта е со нашата силна љубов кон професијата да ја оправдаме довербата на пациентите.
Работното време на новоотворената аптека ќе биде од понеделник до петок од 07:30 до 20:30 и сабота од 08-15 часот. И секако “Роса Вита“ продолжува со работа 24/7 во аптеката наспроти “Уредот“.

“Роса Вита“ отвори нова аптека во Нова Битола, кај клиничка болница (фотогалерија)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »