Press "Enter" to skip to content

“Роса Вита“ отвори нова аптека во Нова Битола, кај клиничка болница (фотогалерија)

Во годината кога слави 20 години постоење, аптеката “Роса Вита“ на уште една локација во нашиот град. Во непосредна близина на клиничка болница и болница “Плодност“, наспроти “Тера“ и “Слатка Куќа“, од денес достапна за граѓаните кои живеат во овој дел од градот.Сузана Димовска, сопственик на аптека “Роса Вита“ на отворањето на новата аптека рече:-Од денес имаме уште една аптека во нашиот град. Голема чест и задоволство ми е да кажам дека идејата за отворање на уште една “Роса Вита“ на втора локација произлезе од самите пациенти кои во повеќе наврати ни укажуваа и изјавуваа дека сме им потребни поблиску до местото на живење. Во оваа прилика би сакала да им се заблагодарам за берзезервната поддршка на пациентите и да им ветам дека и на новата локација ќе продолжиме со истиот жар, посветеност и грижа за пациентите како и до сега.Асортимански, новоотворената аптека на “Роса Вита“ ќе биде снабдена со целата палета на производи како и во аптеката во центарот на градот, во поглед на витамини, додатоци во исхраната, козметика, бебешка опрема, лекови на товар на фондот за здравство, пелени и ортопедски помагала.Симона Литовска, магистер по фармација, која е дел од тимот на “Роса Вита“ вели:-Среќни сме што започнуваме нова приказна, на нова локација. Зборувам во име на целиот тим, здравјето на граѓаните ќе ни остане приоритет. Целта е со нашата силна љубов кон професијата да ја оправдаме довербата на пациентите.Работното време на новоотворената аптека ќе биде од понеделник до петок од 07:30 до 20:30 и сабота од 08-15 часот. И секако “Роса Вита“ продолжува со работа 24/7 во аптеката  наспроти “Уредот“.