Press "Enter" to skip to content

Во Битола 12 нови позитивни на ковид-19, оздравени 6, активни 49 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 922 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 12.

Регистрирани сe 110 оздравени пациенти од Битола се  6.

До сега во Битола има 15.804 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 49 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. 

Направени се во Битола 23 тестови преку ЦЈЗ Битола 22 и преку “Плодност“ 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.081.796 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.018, бројот на оздравени пациенти е 303.893, на починати е 9.325, а бројот на активни случаи изнесува 800.

More from ВестиMore posts in Вести »