Press "Enter" to skip to content

Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола ставена во функција нова сензорна соба – прва од ваков тип (фотогалерија)

Министерот за здравство, д-р Беким Сали денес го посети Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, каде е ставена во функција нова сензорна соба – прва од ваков тип во овој регион и опремена со најсовремена опрема согласно стандардите во оваа област.Инвестицијата е во вредност од 3.7 милиони денари, од кои околу 3.5 милиони се инвестирани во најсовремена опрема, а останатите средства за адаптација на просторот.-Ова е навистина значајна инвестиција што придонесува за поуспешна, а пред се и поолеснета рехабилитација на децата со сензорна дезинтеграција, истакна министерот Сали.Директорката на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, Дивна Живодариќ – Најдовска на гостите им зборуваше за историјата на Заводот кој има 55 години традиција, а моментално тука се лекуваат околу 300 деца, а сите тие ќе ја користат сензорна соба, која ќе им помогне многу во лекувањето. Најдовска им додели благодарници на Министерот и неговиот заменик Владимир Рендевски, како и на Стопанската комора на Македонија и Клиничка болница од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »