Press "Enter" to skip to content

“Полска и Балканот во Европа – Успеси и предизвици“ меѓународни работилници и конференција во Битола

Центар за Европа Универзитет во Варшава и Правниот факултет „Св. Климент Охридски“ – Битола се главни организатори на меѓународни работилници и конференција насловена „Полска и Балканот во Европа – Успеси и предизвици“, која ќе се одвива во Битола на 1-2 јули годинава.

Овие настани се спроведуваат според грант за истражување насловен „Балкански амбиции и полски инспирации“, кој е јавна задача финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Полска во рамките на конкурсот за грант „Јавна дипломатија 202 2“

Во првиот панел “Poland and the Balkan states in the face of the Global Security Challenges”, а кој ќе го модерира проф. д-р Горан Илиќ, свои обраќања ќе имаат: д-р Малгоржата Бониковска од Центарот за меѓународни односи од Полска; вон. проф. д-р Ице Илијевски од Правниот факултет при УКЛО – Битола; проф. д-р Богдан Горалчук од Универзитетот во Варшава; проф. д-р Лаура-Марија Херта и проф. д-р Делија Поп-Флања од Бабеш-Болаји Универзитетот; и проф. д-р Марко Савиќ од Универзитетот на Црна Гора.