Press "Enter" to skip to content

Реновиран оддел за интензивно лекување и нова најсовремена респираторна машина за Клиничка болница

Нова најсовремена респираторна машина е обезбедена во клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ во Битола со средства од установата, додека како донација од општествени чинители е обновена интензивната нега и собата за постоперативен надзор.-Со овие вложувања значително се унапредени условите за третман на пациентите на одделот за интензивна нега, истакна министерот за здравство. Ова се значајни инвестиции во унапредување на условите во установата, имајќи предвид дека на овој оддел се третираат пациенти во исклучително тешка состојба, рече д-р Беким Сали во рамките на денешната посета на оваа јавна здравствена установа. -Со министерот Сали во Битола отворивме реновиран оддел за интензивно лекување во рамки на Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Станува збор за градежен потфат, реновирање на просториите во одделот за интензивно лекување, соба за будење и санитарни јазил. Во оваа прилика се заблагодарувам за донацијата на Големата Ложа на Северна Македонија, која со сопствени финансиски средства овозможи овој значаен оддел на Клиничка болница да добие нов лик, но и услови со кои значително се подобрува здравствената заштита за пациентите на кои им е потребно интензивно лекување, изјави заменик министерот Владимир Рендевски.Од Министерството за здравство информираа дека со средства од буџетот на Клиничка болница набавен е современ апарат, респираторна машина која е важна алка во севкупното подобрување на здравствената заштита на интензивно загрозените пациенти.