Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад врз љубовница, ограбена златарница, малолетник обљубил малолетничка

На 29.06.2022 во СВР Битола, 29-годишна жена од Битола пријавила дека во сместувачки објект во Битола, лице со кого била во љубовна врска, физички ја нападнало. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.06.2022 околу 18.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во златарница на бул.„1-ви Мај“ Битола, сопственост на 40 годишник од село Долно Оризари, битолско, било влезено со употреба на сила и бил одземен златен накит и други предмети. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 30.06.2022 околу 02.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Битола – негова роднина. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.