Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“-Битола: утре без вода “Смилевски конгрес“, ќе се работи на промена на затворач

Екипите на ЈКП “Водовод“ – Битола, активно работат на ул. “Смилевски конгрес“ за нормализирање на водоснабдување во овој дел од градот.

За таа цел во текот на утрешниот ден 01.07.2022 (петок) ќе се прави промена на овален затворач Ф-150.

Прекинот во водоснабдувањето поради активностите околу промената, ќе трае од 08:30 до завршување со интервенцијата.

Со овој зафат се очекува непрекинато и поквалитетно водоснабдување за нашите корисници.

More from ВестиMore posts in Вести »