Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 17 позитивни на ковид-19, оздравени 5, активни 61 случај

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 17.

Регистрирани сe 97 оздравени пациенти од Битола се 5.

До сега во Битола има 15.821 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 61 случај.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. 

Направени се во Битола 39 тестови преку ЦЈЗ Битола 37 и преку “Плодност“ 2.

Досега во земјата се направени вкупно 2.082.690 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.211, бројот на оздравени пациенти е 303.989, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 895.

More from ВестиMore posts in Вести »