Press "Enter" to skip to content

СВР Битола со превентивни активности за заштита од кражба

Отсекот за превенција при СВР Битола заедно со Одделението за полиција и Полициската станица од Општа надлежност Битола денес, превземаа активности во централното градско подрачје на Битола согласно проектот “Внимателна заедница – безбедна заедница” (превенција од кражби), при што беа опфатени колективни станбени згради. 

Полициските службеници од Одделението за превенција ги посетија станарите на станбените објекти и дистрибуираа флаери за превенција од кривични дела тешки кражби и кражби,  односно со начините и принципот на самозаштита  и зголемување на соработката со полицијата. 

Цел на овој проект е создавање на безбедна средина за живеење, како и подигање и поттикнување на свеста кај граѓаните за заштита на личниот живот и имот, како и подобрување на општата безбедност.

More from ВестиMore posts in Вести »