Во организација на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“, со поддршка од општина Битола, денес започна 11 меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења“, која после едногодишна пауза, оваа манифестација, повторно на едно место собра учесници од 17 земји од светот, поети, писатели, критичари и нивните трудови.На отворањето зборуваа претседателката на “Битолскиот книжевен круг“, Елизабета Јончиќ и претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, професор д-р Христо Петрески, како и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Годинава, “Битолски книжевни паметења“, вклучува тридневна програма исполнета со книжевно претставување и наградување, а дополнително е збогатена и со музички колаж, ликовна изложба и промоција на културно – историското наследство на градот.
Пред почетокот на манифестацијата, градоначалникот Коњановски, имаше прием на организаторите и дел од учесниците на „Битолски книжевни паметења во општина Битола, каде меѓу другото беа претставени и наградените ракописи за годишните награди „Книжевен круг“.

“Битолски книжевен круг“ ја организира 11. “Битолски книжевни паметења“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Камерен Оркестар од Битола приреди симфонија за паметење – и за срцето, и за телото во Скопје (фото)Камерен Оркестар од Битола приреди симфонија за паметење – и за срцето, и за телото во Скопје (фото)
- УЛП 2025 – Битола и Прилеп ја шират КОЛОРС визијата за практична едукација
- СВР Битола: судар на патничко возило и трактор – возачот на тракторот избегал, приведена жена за кражба во продавница,
- Франција и Нормандија, повторно на дневен ред (фото)
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 23 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Камерен Оркестар од Битола приреди симфонија за паметење – и за срцето, и за телото во Скопје (фото)Камерен Оркестар од Битола приреди симфонија за паметење – и за срцето, и за телото во Скопје (фото)
- Факсимили од роднокрајни писатели претставени на уникатна поставка во Библиотеката
- Свечено отворен 26. интернационален фестивал на монодрама јубилејен во Центар за култура Битола (фотогалерија)
- „Д (како Дездемона)“ – современ танц на вечерашното отворање на 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола
- Дали секој родител треба да дојди на оваа изложба? Ќе му ја дадеш шансата што ти ја немаше?